2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Проектот „ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СÈ“, причина повеќе за запишување во Медицинско училиште

Мај 27, 2019

„Здравјето пред сè” или „Health comes first e проект финансиран од Европската комисија и поддржан од Националната Агенција за европски програми и мобилност, како дел од програмата Erasmus + .  Овој проект се спроведува од странана ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ –Битола, под раководство на координаторот Татјана Трајковска.

Учениците од медицинското училиште при ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” од Битола, од образовните профили физиотерепевтски техничар и медицинска сестра (втора, трета и четврта година) извршуваа тринеделна практична обука во Пунта Галеа (Лас Розас) ОРПЕА во Мадрид, Шпанија. Додека пак, учениците од образовните профили забен техничар и фармацевтски лабораториски техничар (втора, трета и четврта година) обуката ја извршуваа во Факултетот по дентална медицина во Софија, Бугарија и Медицинската Академија - Александровска Болница (болничка аптека), во Софија, Бугарија.

За време на практичната обука учениците сe збогатија со европска медицинска практика и ги збогатија своите познавања од областа на медицината. Имаа можност да присуствуваат на повеќе одделенија и лаборатории каде што беа дел од секојдневните активности во придружба на медицинскиот персонал.

61109775 2338543879725632 5030761344891092992 n

Учениците беа прифатени од страна на сите вработени од Домот за стари лица во Шпанија, болницата и факултетот во Бугарија, кои изразија задоволство за сериозниот пристап, дисциплината, интересот и соработката на учениците со медицинскиот персонал во одделите каде што ја извршуваа обуката.

61466438 456978435113584 4702075791310061568 n

Во свое име и во името на ОСМУ„Д-р Јован Калаузиˮ- Битола,  благодарност за одличниот прием и поддршка на учениците при спроведување на практичната обука во Шпанија и Бугарија упатија и професорките Наташа Илиева, Гордана Османли, Марија Тановска и Магдалена Ѓондовска, одговорни за спроведување на проектот „Здравјето пред сèˮ во рамките на Erasmus + програмата.

 

 

 

Билјана Кокалевска,

Вршител на должност директор

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани