2win800x200

Голем број активности за повеќе можности-СОУ „Таки Даскало“ ги отвора вратите за деветтооделенците

Мај 27, 2019

Учениците од Средното општинско училиште „Таки Дасакало“ од Битола, денеска во малата сала на  Центарот за кутура ја реализраа театарската претстава „Викенд на мртовци“ под менторство на професорката по македонски јазик Весна Јовановска. На сценографијата за претставата и дел од костимите работеа ученици од СОУ „Таки Даскало“ и ученици од преку 10 основни училишта.

61485222 2355317501418203 8629545168405528576 n

-Настанот има за цел да се зацврсти меѓуучилишната соработка преку работилници во кои неколку месеци учениците заедно создаваа, твореа, учеа низ  креативност и убаво дружење. Поради тоа сите ученици добија благодарница за учество во работилници. Благодарници добија и нивните наставници - ментори. Исто така, за распишаниот поетски конкурс од СОУ„Таки Даскало“ - Битола и оваа година учениците и нивните ментори добија награди и пофалници, велат од СОУ „Таки Дасакало“-Битола

Инаку настанот е дел од програмата за чествувањето на патрониот празник, кој СОУ „Таки Дасакало“ го одбележа на 3 мај годинава со голем број активности-музички изведби, рецитали, модна ревија.

 

IMG ae0e505c6f1a855757ed6b4bac82dd48 V

Средното општинко училиште „Таки Даскало“ од Битола како дел од системот на формално образование во Република Македонија е едно од ретките училишта каде што во целост се применува мотото практична примена на знаењата.

61081076 421221755100527 5988920822952099840 n

Во изминатиов период учениците и наставниците од училиштето беа вклучени во повеќе проекти како што е проектот „Еко Центар“ кој се реализира во соработка со Општина Битола и Јавното претпријатие „Комуналец“ со цел подигање  и развивањето на еколошката свест кај граѓаните.

Во координација и соработка на Министерството за образование, Бизнис академијата „Смислевски“ беа  реализирани  обуки во рамките на активностите на „Бастион“ проектот за развој на вештините и поддршка на иновации во образованието.

61757195 346339712737760 4114881834129555456 n

На меѓународно ниво, училиштетот аплицираше и беа одобрени повеќе проекти од страна на Националната агенција за образовни програми и мобилност Еразмус плус-и истите успешно се реализираа, како што се проектите „Одржливо живеење-активни граѓани“, „Движете се дигитално и бидете Европејци“, „Со пракса до перфекција“, „Постер арт“, „Емпатија кај децата“, „Уметноста и дизајнот во нашите животи“, „Следејќи ги стапките на императорите“,„ Биди зелен“.

Средното општинско училиште"Таки Даскало" Битола е образовна институција која што на учениците им нуди проширени знаења во гимназиско и стручно образование, апликативни во практиката на пазарот на трудот во локалната средина и во европските земји со осовременување на условите за учење и личен развој. Како дел од активностите и оваа година се планирани и реализирани повеќе работилници во кои се вклучени учениците од „Таки Даскало“  и ученици од основно образование со цел меѓуучилишна сорсботка и запознавање со образовните профили кои им се нудат на учениците во ова средно  училиште. Имено, од оваа година деветтооделенците ќе имат можност покрај постоечките гимназиски паралелки да одберат да учат во билингвална англиско-македонска гимназиска паралелка, а во рамките на стручното образование покрај постоечките струки - графичка, текстилно-кожарска, сообраќајна, градежно-геодетска, рударско-геолошко и металуршка, угостителско-туристичката се создадоа можности за наобразба во делот за лични услуги-техничар за козметичака нега и убавина.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани