АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во Битола се измерени 35 степени, а топло време со исклучително висока температура метеоролозите најавуваат и за утрешниот ден, кога се очекува во Битола температурата да се искачи до 37 степен.
Топлиот бран ќе продолжи и во наредните денови, односно до среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот.
Ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.
Во среда попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи.
Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.
Извор: УХМР