АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Викендов Битола беше раздвижена и живописна за што придонесоа и активностите на младите учесници од меѓународниот младински камп „Патоказ кон помируваењето“ кој по четврти пат се одддржува во Битола. Во кампот учествуваат младинци од Израел, Германија и Македонија.
Во саботата вечерта на плоштадот Магнолија младинците од кампот ги разиграа битолчани како и странските посетители и туристи со танци, односно изведувајќи „флеш моб“. Беше навистина разиграно и весело, а се слушаа различни јазици и аплаузи.
Завчера преку ликовниот перформанс на шест различни платна, поставени на сликарски штафелаи вдолж Широк Сокак, младите од кампот, го боеја логот на кампот и ги канеа битолчани да им се придружат, што наиде на голем одзив и воодушевување. Вчеравечер перформансот продолжи пред Центарот за култура, каде сите платна се споија во едно ЛОГО.
Програмата продолжи со заедничко дружење и проекција на документраниот филм „Гита Калдерон , хероината која го преживеа холокаустот“, работен од млади гимназијалци од „Јосип.Б.Тито“, под менторство на професорот по македонски јазик Никола Трајковски.
Кампот трае до 18 Август и основна цел е запознавање на младите од трите земји со историското минато и извлекување поуки од темната страна на минатото како и трасирање пат кон помирување со истото...