2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден пред 75 години загинал Нахмијас Мордехај-Лазо

Август 25, 2019

На денешен ден, 25 август во 1944 год, на Кајмакчалан загинал Нахмијас  Мордехај (Мордо)-Лазо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

 По националност бил Евреин. Бил во раководството на работничката еврејска младинска организација во Битола од 1934 г.

Пред војната одреден период живеел и работел во Белград, а по окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија во април 1941 г. се вратил во Битола. Неговата куќа уште во тој период служела како еден од најважните илегални престојувалишта на партиските работници во градот. Во 1941 г. станал член на КПЈ во Македонија. Во 1942 г. станал борец во Битолско-преспанскиот партизански одред "Даме Груев". Подоцна станал командант на баталјон во Првата македонска бригада, а загинал како заменик командант на баталјон во Седмата македонска бригада во борбите на Кајмакчалан против бугарски војници од граничната караула.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани