АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Комората на психолози врз основа на Националната платформа за унапредување на менталното здравје реализира акција „Денови на Психологија 2019“ од 17-30 Ноември 2019 година.
Тема на овогодинешната акција на Комората е ,,Ајде да зборуваме за видливото и НЕвидливото насилство,, која се спроведува во рамкие на Програмата за насилни осудени лица која за прв пат се имплементира во битолскиот затвор и предвидува употреба на определени псохололошки алатки за управување со емоциите на овие затвореници. Пенолошките психолози велат дека живеењето во групи често раѓа насилството кое може да биде видливо но и невидливо. Причините за ова насилситво најчесто се негативните влијание што ги носи самата казна, стигмата затвореник, незадоволени сексуаллни потреби, нарушената сигурност и др.
-Програмата за насилни осуденици се однесува за лица кои извршиле кривични дела со насилство и за осудени лица кои се однесуваат насилно во релациите во средината, вклучувајки ги другите осудени лица и персоналот. Ова особено од причини што адаптивното и контролирано однесување не може да се постигне единствено преку примена на медикаментозна терапија,т уку е потребно пожелните облици на однесување да се развијат и преку тренинг на вештини и бихејвиорални третмани од страна на стручни лица, вели Лена Христовска, дипломиран психолог, вработена во Затворот во Битола
Цел на програмата е осознавање на придобвките од учење на социјалните вештини, нивна примена во пеналното однесување и во приватниот живот во насока кон нивна социјална реинтеграција и адаптација.
-Преку 16 сесии и работа во група фасилитаторите користат разновидни активности -скала на емоции, постери за искажување на емоции, учење на социјалните вештини (помагање на другите,одбегнување на тепачки , реакција на неуспех,социјалната вештина активно слушање , важноста на активното слушање во комуникацијата со други лица,познавање за социјалната вештина разбирање на туѓите чувства,се со цел да научат да се справат со насилство и сл.),како и демонстрирање на истите и примена надвор од групите, вели Хрисовска
Освен на психолошката се работи и на генералната превенција која бара следење на европските стандарди.За таа цел во тек е темелна реконструкција на казнено поправната установа која траба да овозможи адекватни услови за живот,престој и третман.
-Во КПУ Затвор Битола каде јас работам како психолог,сега и Раководител на Секторот за ресоцијализација, во изминатите 32 години пенолошка пракса се залагам лично и со затворската Управа и Управата за извршување на санкции преку Министерството за правда за развој на најдобри практики за зголемување на безбедноста во заедницата.Во таа насока сакам да истакнам дека во тек е темелна реконструкција на установата во насока кон подобрување на сместувачките капацитети и условите за престој и третман на осудените лица. Планирано е пренамена на еден објект за едукативен центарво кој во блиска иднина се планира покрај останатите содржини и програми за ресоцијализација развој и примена на програмата за насилни осудени лица преку грижа и унапредување на менталното здравје, вели Христовска
Вториот аспект на програмата е темелна обука на персоналот за динамична безбедност, хуман одност и професионално имплементиање на својот дел од програмата за што поефикасно да се постигне крајната цел- правилна ресоцијализација на ваквиот тип на осудени лица.
Е.М.