АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва на задоволство на битолската публика, Битолскиот дувачки оркестар и Дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште – Битола, под раководство на професорот Марјан Бакревски, одржаа одличен концерт во Големата сала на Центарот за култура, која беше исполнета до последно место. На репертоарот двата дувачки оркестри се претстааија со дела во различни стилови, а доминираше маршовското свирење. Битолските солисти Дамјана Апостоловски и Александар Гацоски, изведоа арии и канцони, а на концертот учествуваше и детскиот хор Ѕвончиња.
Професорот Марјан Бакревски заедно со дувачките орекстри направија одлична атмосфера со силна интеракција на публиката. Концертот беше поддржан од Општина Битола, ЈП „Комуналец“ и „Пазари“ како и неколку битолски компании.
Е.М.