Ракување за добредојде во Битола и јарболи со знамиња на конзулатите, новото решение за кружниот тек на Дулие

Февруари 07, 2020

Две раце што се ракуваат, како порака за добредојде во Битола, јарболи со знамиња на земјите кои имаат конзулати во Битола и нивното ритмичко вертикално издигнување, што треба да ја претставува планината Баба. Вака ќе изгледа кружниот тек на влезот во Битола од старата на Прилеп. Ова е архитектонското решение на двајцата млади автори Мила Рориќ и Дејан Томски, што всушност е победнички проект на јавниот повик „Круг на јарболите“ што го објави Оштина Битола, а денеска  пред јавноста беа претставени петте пристигнати идејни решенија и победничкиот проект.

IMG 20200207 111749

-Појдовната идеја на архитектонското решение за „Кругот на јарболите“  е гестот на ракување пријателски поздрав, порака за добредојде за секој посетител на Битола, поради самата поставеност на овој кружен тек, на Дулие – влезот во градското јадро на Битола. Самите конзулати преставуваат знак на пријателство помеѓу народите, па ракувањето како гест на пријателство има повеќезначна симболика во дизајнирањето на просторот. Јарболите ќе бидат поставени по ободот на две елиптични форми кои претставуваат стилизирани раце кои се поздравуваат. Вториот аспект при обликувањето е вертикалното издигнување кое алудира на планината Баба како важна географска карактеристика и симбол на градот Битола. Со ритмичко повторување на вертикални елементи – столбови, се добива една транспарентна структура која ги обединува аспектите на репрезентативност, симболика и функција, посочија младите архитекти Мила Рориќ и Дејан Томски

Авторите додаваат дека кон главниот пристап од булеварскиот влез во градот, ќе биде истакната порака за добредојде во Битола, а кон внатрешноста на структурата предвидени се декоративни подни фонтани – гејзери и зеленило/

Konkurs 4

Членовите на комисијата, составена од вработени стручни лица во општината, но и надворешни соработници, посочија дека се изненадени од квалитетот на понудените решенија, кои технички ги задоволија сите стандарди на повикот.

-Избраното решение како првонаградено, по својата идеја „ракување“ е многу важно како момент на добредојде. Но, како надворешен член на комисијата и како стручно лице, сакам да го поздравам ваквиот начин на комуникација со јавноста, затоа што културниот идентитет на градот во ставаме на преден план како еден од движечките актери за урбаниот развој на градот, а инволвирањето на граѓанскиот сектор мора да е важен дел, ако сакаме да имаме успешен град за живеење на сите нас, рече Анастасија Трајковса, архитект.

 IMG 20200207 110819

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска истакна дека ова е можност да им се даде шанса на младите за да ги реализираат своите идеи, токму во местото каде што живеат.

IMG 20200207 111101

„На повикот добивме пет апликанти и можам да кажам дека сите пет решенија се навистина креативни, инвентивни и убави на свој начин. Но квалитетот и вредноста во овој повик од една страна е што им овозможувате на граѓаните да се вложат и да се внесат во тоа како треба да изглеад нивниот град, а од друга страна, сите идеи и креативност која што ја имаат младите, да им дадете можност да биде материјализирана. Ова е прв повик од ваков карактер, но тука нема да застанеме. Идејата која е првонаградена ќе ја реализираме во кружниот тек, додека дел од останатите идеи ќе биде настојувано да бидат реализирани во останатите делови од градот, зависно од понудените карактеристики“, рече Петровска.

Победничкиот проект од страна на Општина Битола е награден со паричен износ од 1000 евра во денарска противвредност, а останатите пријавени дела со по 100 евра

Е.М.

 

 (Останатите идејни решенија)

84444547 499350674115530 1321117801217261568 n

 

84599287 199521501232510 6787341671181844480 n

84831007 2755752127840310 3474317719975755776 n 1

85104039 2778720632218203 7649753679536324608 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани