2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Започна реновирањето на фасадата и дограмата на ЈП „Пазари“

Февруари 13, 2020

Денеска започна реконструкцијата на фасадата на Управната зграда на ЈП „Пазари“, објектот е изграден пред 70 години и ништо не е интервенирано досега.

-Енергетски ефикасно, еколошко, поубаво, вели Владе Атанасовски директор на ЈП „Пазари“-Битола.

ЈП „Пазари“ доби зелено светло од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија да ја реновира надворешно управната зграда –фасадата и  дограмата.

Директорот на ЈП „Пазари“,Атанасовски  вели дека  поднеле проект до Управата за заштита на културното наследство за реновирање на фасадата и дограмата на зградата бидејќи објектот е во незавидна состојба, времето, влагата и негрижата си го направиле своето. По ова  „Пазари“ за краток период распиша тендер за избор на изведувач на работите.

-Објектот каде е сместена управната зграда е од пред седумдесетина година. И како што бил тогаш изграден така ништо не е интервенирано  досега. Ние сакавме да ги смениме работи, па поднесовме проект до Управата за заштита на културното  наследство бидејќи зградата  е зона на заштитено подрачје. Управата ни одобри , решението го примивме и денеска започна реновирањето на  фасадата. Комплетна замена на  фасадата и нова дрвена квалитетна дограма за да ја зачуваме автентичноста на објектот. На реконструкцијата чекаат 620 квадратни метри површина без прозорците и вратите , изјави Атанасовски.

Целосната финансиска конструкција за овој зафат ја покрива јавното претпријатие „Пазари“ од сопствени средства.

pazari 2

pazari 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани