АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наместо на точниот број на Центарот за јавно здравје во Струмица , жители на овој град кои се во самоизолација звонеле на приватен број на битолчанец. Бројот на битолчанецот по грешка бил напишан не само во една институција туку и кај матичните лекари на струмичани, па во писмото испратено до струмички портал битолчанецот се пожалил дека во изминатиот период е дежурен „волонтер” во борбата со корона вирусот.
-Јас сум приватно лице од Битола, но во последниве две недели и дежурен „волонтер” во борбата со корона вирусот! Шегата настрана, во голем дел од установите во Струмица циркулира погрешен број од Центарот за јавно здравје и луѓето кои се во самоизолација ми звонат мене наместо во установата во која треба да се пријавуваат. После првите два повици, се сетив дека може да е грешка и го побарав вистинскиот број, па почнав да го праќам по СМС на луѓето кои по грешка се јавиле кај мене. И од почеток ми изгледаше како да помагам во целиов хаос. Меѓутоа, по неколку дена, и повици во било кое време на денот, јас како родител со мало дете и вработен кој работи од дома и притоа сум често на состаноци, решив да ја “исправам” работата, пишува битолчанецот за „Струмица денес“.
Битолчанецот се јавил во Центарот за јавно здравје -Струмица и им кажала дека треба да го напишат точниот број, па почнал да ги известува и матичните лекари, а се јавил и во СВР Струмица.
-Да бев друг карактер, и да не ми беше жал за луѓето кои се нашле во ваква ситуација, ќе ги праќав да се јават лично во полициска станица. Па добро бе, дали треба на Венко да му се јавам за да се среди ова?, пишува битолчанецот барајќи помош од медиумите.