2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

КОВИД-19 влезе во битолскиот Старски дом, заразен еден штитеник

Април 06, 2020

Еден  86-годишен штитеник на Домот за стари лица „Сју Рајдер“  во Битола е позитивен на КОВИД-19, а  двајца  кои со него ја делеле истата соба се во изолација.

 Исто така, во домашна самоизолација се 6 лица од медицинскиот персонал во оваа установа, каде има вкупно 34 вработени и 154 корисници, со што се јавува недостиг на кадар за  тросменското работење, потврди за апла.мк директорката на Домот за стари лица во Битола, Јулијана Котевска

Првите симптоми кај 86 гошниот штетинк се појавиле на 2 април, по што  бил прегледен од  лекар и биле известени од Центарот за јавно здравје во Битола. Тој  веднаш бил хоспитализран и направен му е тест, кој бил позитивен. Во домот е извршена дезинфекција, а епидемиолозите веќе ги проверуваат сите контакти на забоелниот штитеник од Домот за стари лица од Битола

Тој бил примен во март и најверојатно веќе бил заразен со вирусот од неговата внука која неколку дена претходно се вратила од Германија.Бил примен во редовна процедура и не му била направена епидемиолошка анкета. 

Два месеца претходно  оваа установа ги забранила посетите и се спроведувале мерки на претпазливост. Сега како што информора директорката Котевска, веќе се прави реорганизација на вработените за да може да се окрие трисменското работење, но вели дека веќе ги известила надлежните Министертва дека и е потребна кадровска поддршка.

„Алармирам на здравствена култура и молам за разбирање на луѓето. Нашите штитеници се во добро здравје и се преземаат сите мерки за заштита, па нема место за паника. Домот функционира нормално, има греење, храна и нега. На интернет страницата на домот ги има телефонските броеви и семејствата на лицата кои се тука згрижени можат да се јават и да се информираат за нивната состојба“, вели Котевска.

Заболениот од  битолскиот Старски  дом, е еден од двата вчера регистрирани случаи на заразени со КОВИД-19  во Битола. 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани