Искршени дрвја, паднати гранки и бандери предизвикаа обилните снежни врнежи и дебелата снежна покривка.
Од Општина Битола информираат дека покрај тоа што ЈП "Нискоградба" од попладнево работи на чистење на снегот од улиците, во акцијата се вклучија и екипи на ЈП „Комуналец“ кои им овозможија пристап до домовите на граѓаните во одредени блокирани улици и ги отстранија стеблата од коловозите.
На терен вечерва се приклучи и механизацијата на ЈКП „Водовод“, а дополнително ќе се вклучат екипи и на ЈП „Паркинзи“.
Улиците од прв и втор приоеритет се исчистени, а во текот на ноќта и утре изутрина ќе бидат уште еднаш исчистени, велат од Општина Битола.
Паралелно екипите чистат и во руралните средини, односно патот до потпелистерските села е исчистен, а се работи на терен кај селата во околината на Бистрица и на Цапари.
До утре напладне се очекува сите села да бидат проодни, информираат од Општината.