АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Предлог буџетот за 2018 година ќе се најде на дневен ред на 7-та седница на Советото на Општина Битола во среда на 27 декември. Пред советниците ќе биде и предлог одлуката за извршување на буџетот, буџетскиот календар, како и програмата за работа на општинскиот Совет за 2018 година.
Предлог буџетот во изминатиот период беше ставен на увид на официјалната веб страницата на Општина Битола и според објавените податоци, за фудбалскиот стадион под Тумбе Кафе следната годинаќе се издвојат, 80 милоини денари или 1,3 милини евра, за гасификација на општина Битола, предвидени се 15 милиони денари или 250 илјади евра. За ревитализација на Офицерскиот дом, предвидени се 10 милиони денари , односно 160 илјади евра. За изградба на улици или нивна реконструкција, како и за други инфраструктурни проекти од буџетот на Општината следната година ќе се потрошат околу 70 милиони денари.
Претходно на 6 та седница на Советот, во понеделник на дневен ред ќе бидат прграмите за работа на јавните претпријатија за следната година, како и финансиските планови.