АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четири лица од локалното населени во ромската населба на битолскиот Баир се вклучени во проектот "Креирање можности за работа на сите-главна фаза" кој се реализира преку УНДП со поддршка на Општина Битола и ЈП Комуналец.
Овие лица се ангажирани во тимовите за дезинфекција на јавните објекти и јавните површини во градот во рамките на ЈП „Комуналец“, како и во делот на грижа за чистотата и средување на јавните површини.
Градоначалничката Наташа Петровска ја посети улицата „Козјак“ во оваа населба, каде на терен, со претставници од УНДП и директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, се сретнаа со лицата ангажирани преку проектот
Жителите велат дека овој дел од населбата Баир, никогаш не бил почист од сега, ѓубрето и депониите се минато, а околните обраснати треви и несреденост веќе не се карактеристичен белег за изгледот на улицата „Козјак“.
Петровска посочи дека формулата за успех е секогаш во активностите да биде вклучено и локалното население, кое најдобро ги познава проблемите на жителите, а истовремено, заеднички, поттикнува на поголема грижа за колективната средина на живеење. Таа рече дека ваквите активности ќе се реализираат и понатаму, од улица во улица, опфаќајќи сè поголеми делови од оваа населба.
Општина Битола е дел од програмата за финансиска поддршка на невработено лице вклучено во активности, каде партенер е УНДП