АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Слика каква ретко може да се видим меѓу македонските политичари, без при тоа да се наместат и да позираат пред фоторепортерите. За време на изборната кампања во Битола, деновие во паркот кај Сатот случајно се сретнаа претставници на најголемите политички ривали, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и срдечно се отпоздравија, при тоа почитувајќи ги препораките. Фотографите и снимателите веднаш се фатија за работа, да ги овековечат ваквите ретко моменти.
Двата табора покажаа европски манири, пријдоа едни на други, се отпоздравија со познатиот поздрав во услови на корона пандемија. На оваа недоговорена средба беа кандидатите за пратеници во 5 ИЕ од Битола и нивните блиски соработници.
Едните дојдоа на закажана прес конференција со медиумите, другите пак оваа убава локација ја искористија за снимање промотивни изборни материјали.
Кога новинарските екипи стигнаа на договореното место за изјави каде беа поканети од СДСМ, се уше ги немаше оние што не повикаа, но таму ги затекнавме политичарите од ВМРО-ДПМНЕ, па шеговто ги запрашавме претставниците на СДСМ дали ги поканија медиумите во името на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, лутите политичи противници, кои често ги гледаме како си опонираат едни со други на прес конфернеции, од советничката говорница, на дебатни емисии, сега ги видовме во едно поинакво светло, со срдечен поздав.
Фото: Горан Петровски-фотостудио ПИНК