АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во тек се инфраструктурни зафати во месната заедница „Димитар Влахов“ во месноста наречена Тепсија во Битола. Во моментов се работи на поставување на нова дограма.
Градоначалнинчката на Општина Битола Наташа Петровска, вработени во општинската администрација задолжени за координација на проектот, претставници од Фондација Преда плус, НВО „Баирска Светлина“ и месната заедница, извршија увид во теренските активности.
Градоначалничката беше запозната со динамиката на изведба на градежните работи, кои во наредниот период, покрај дограмата, ќе опфатат и поправка на електричната инсталација, како и реконструирање на целиот простор во месната заедница.
Општина Битола, заедно со јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и Комуналец, во проектните активности во објектот ќе биде вклучена со над 450.000 денари и со механизација, а Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) преку инфраструктирните активности кои ги реализира Преда плус, ќе покрие трошоци за реновирање во висина од 402.405 денари.
Во меѓувреме, на оваа локација веќе се користи реконструираното игралиште, на кое локалното население постојано спортува. Тука е поставена метална ограда, опрема за кошарка, фудбал и ракомет, и дополнително е уреден просторот со 540.776 денари, средства од Совет на Европа преку програмата Ромактед.