АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Црквата „Св.Недела“ во битолското село Велушина која со децении наназад на денешен ден собираше стотици верници во црковниот двор оваа година остана празна поради ситуацијата со корона кризата. Таа е една од деветте цркви во ова село во која по традиција се одбележува денешниот христијански празник посветен на света Недела.
-Од рано утрово свештени лица одржаа литургија по повод празникот и се крена лепче за дравје, но заради кризата не е дозволено собирање на верници, ни потврдија жители на Велушина.
Во оваа црква на денешен ден се собираат велувци не само од Битола и од државата, туку насекаде од дијаспората, а свирките и дружбите во дворот на црквата траеја со часови.
Во текот на годините многу велувци се иселија од селото , но не ја заборавија родната грутка, камбанаријата во црквата „Св. Недела“ е подарок од семејството Манговски.
-Камбанаријата ја подигнаа Јован и Мара Манговски со фамилијата од Америка во 2005 година, стои запишано на мермерната плоча во црковниот двор. Сите девет цркви во Велушина се на различни локации и сите имаа посебно значање.