АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Да се скенира сосотојбата во битолското образование, колку од наставно образовниот кадар може да спроевдува настава со физичко присуство, колку објектите имаат капацитет да се спроведе ваква настава според препораките на Светската здравствена организација, побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот. Координаторот Иванчо Тошевски, предложи измена на денешниот дневен ред каде ќе се најде и оваа точка.
-Предлагам да донесемен одлука за итно спроведување на скрининг во основното и средното образование со цел утврдување на реалните можности за спроведување на настава со физичко присуство. Тој скрининг би се состоел од следните точки: да се утврди бројот на наставно- образовен кадар, воспитно образовен кадар и помошно техички персонал кои спаѓаат во ризични групи. Доколку следи одлука за физичко следење на настава тогаш оваа категорија не ќе може да биде дел од воспитно образовниот процес. Потоа, да се утврди бројот на ученици кои спаѓаат во ризични групи, бидејќи и тие деца не ќе можат да бидат дел од воспитно образовен процес со физичко присуство. Да се утврди бројот на ученици кои во домот имаат членови на семејство од ризична група. Исто така и тие не ќе можат да доаѓаат на училиште и најважното, да се утврди капацитетот на постоечките објекти доколку во истите би се спроведувала настава со физичко присуство со почитување на препораките, односно она што е препорака од СЗО најмалку 4 метри квадратни за секој ученик. Да се испита состојбата со санитарните јазли, да се види дали училиштата има неопходни залихи на хигиенски средства., рече Тошевски.
Предлогот на Тошевски не беше усвоен од мнозинството на Советот во Општина Битола.
-Се работи за скрининг кој единствено може да го спроведат Министерството за здравство и Министерството за образование . Тоа апсолутно не е во наша надлежност и ние не можеме тоа да го реализираме. Градоначалникот ќе го спроведе и организира образовниот процес во согласност со препораките и мерките што ќе ги добие од Министерството за образование, Министерството за здравство, како и Комисијата за заразни болести. Ние како Совет не можемегможеме да го спроведеме тоа и да донесеме одлука за скрининг на стотици вработени. Скринингот, односно тестирањето, го организираше Министерството за здравство, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.
Е.М.