Webp.net gifmaker

На денешен ден почина Пецо Гудовски, носител на Партизанска споменица

Август 14, 2020

На денешен ден, 14 август 2008, во Битола почина Пецо ГУДОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден во селото Лавци, Битолско, на 3 март 1920 г. Од 1941 г. член на  СКОЈ.

 Со доаѓањето на бугарскиот окупатор заедно со Тодор Ангелевски-Строгов има големи заслуги за организирање на скоевските групи и формирање на партиска организација во Битолско, како и во подготовката за формирањето на Првиот партизански одред ,,Пелистер“.

 На 2 мај 1942 г. е уапсен од бугарската полиција,но по 40 дена испитувања и физичка тортура е пуштен. Во април 1943 г. замина во партизани, најпрво во одредот ,,Даме Груев“, а потоа во одредот ,,Гоце Делчев“. Со формирање на баталјонот ,,Стив Наумов“и подоцна на Првата македонско-косовска бригада е во нивниот борбен строј, а на 26 февруари 1944 г. е поставен за заменик-командант на баталјон во Третата македонска ударна бригада.

  На 22 август 1944 г.стана заменик командант на Седмата (Битолска) македонска ударна бригада, а подоцна и нејзин командант.Од 17 декември 1944 г. командант на Втората македонска бригада и учествува во борбите на Сремскиот фронт до средината на мај 1945 г.

 По ослободувањето завршува воена академија во Сараево и до 1956 г. се наоѓа на разни должности во ЈНА. Потоа извршува разни општествени функции: претседстел на Општина Дихово, активен член на разни општествено и политички организации, претседател на Сојуз на резервни воени старешини, Претседател на Титов фонд Битола, претседател на  Сојуз на борци Битола и долгогодишен началник на одделението за Народна одбрана Битола.

 Носител е на многубројни одликувања и признанија меѓу кои Партизанска споменица 1941 година, Орден заслуги за народ со златна ѕвезда, Орден Братство и единство, Орден за храброст и други.

 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани