2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Играле пред принцот Чарлс, претседателот Ширак, кралот на Јордан...

Август 16, 2020

Лично британскиот принц Чарлс им честитал за изведбата на членовите од Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола, кога настапувајќи со македонски фолклор освоиле второ место за изворен оркестар и четврто место за традиционални игри на еден од најголемите музички фестивали во светот во Ланголен, Велика Британија, во конкуренција од 50 држави. Тоа било пред 24 години и e само еден од успесите на овој фолклорен ансамбл, еден од водечките во земјава, кој неделава прославува 65 години негувајќи ги изворните македонски песни и игри.

 

 

Како што објави СДК.МК, во долгата и богата традиција, КУД „Илинден“ е учесник на 150 меѓународни фолклорни фестивали, добитник на бројни награди на најзначајните фолклорни манифестации низ цел свет, во 2008  настапувале и пред францускиот претседател Жак Ширак, а во 2013 во Кралството Јордан.

„Илинден“ е ансамблот од кој произлегле бардовите на македонската народна песна Јонче Христовски и Виолета Томовска. Друштвото е еден од основачите на Сојузот на фолклорни ансамбли во земјава и редовен член од 1994. Реализирале над 200 самостојни концерти низ целата држава. Со години го отвора најстариот и најзначаен фолклорен фестивал во Македонија, „Илинденски денови“ со изведбата на орото „Комитското”. Избран е за претставник на нашата држава на најзначајниот фоклорен настан „Фолклоријада“ во Уфа, Русија, каде учествуваат 80 држави од светот. „Илинден“ денес брои над 300 членови распоредени во детски, младински групи, оркестар, пејачка секција и главен фолклорен ансамбл.

„Традицијата е душата на една држава и еден народ, ние сме горди што сме едни од чуварите на нашата навистина богата фолклорна традиција. Традиција која зборува за минатото, но преку сегашноста, го осветлува патот кон нашата иднина. Идните генерации за да ја зачуваат традицијата и да ја негуваат културата, треба да ја запознаат, а токму фолклорните ансамбли се тие институции каде традицијата и културата се негуваат“, вели Антонијо Димитровски, претседател на Друштвото.

Поради здравствената криза предизвикана од ковид- 19, одбележувањето на овој значаен јубилеј е во прилагодена форма, согласно соодветните протоколи. Јубилејната програма ќе се состои од ревија на народни носии и концерт на традиционална музика и игра. Двата настани ќе бидат од полуотворен тип, ревијата во Магаза и концертот во амфитеатарот на Тумбе кафе.

„Оваа јубилејна програма ја посветуваме на основачите на КУД ‘Илинден’ кои ја започнаа оваа светла приказна пред 65 годииа, на нашата драга публика, до која ќе ја доближиме и преку видео и фото документацијата од настаните, како и на сите поранешни и актуелни членови на нашиот ансамбл, драги соработници, помагатели и поддржувачи“, вели Димитровски.

Извор СДК.МК https://sdk.mk/index.php/magazin/so-makedonski-folklor-nastapile-pred-printsot-charls-zhak-shirak-kralot-na-jordan-bitolskoto-drushtvo-ilinden-slavi-65-godini/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани