2win800x200

Каменот за градба на црквата во Гопеш се носел низ повеќекилометарски жив синџир составен од 3000 луѓе

Август 19, 2020

Денес е патрон празник на монументалната црква „Свето Преображение“ во битолското село Гопеш. Изградена е 1871 година, а се вбројува меѓу петте најголеми христијански храмови во Македонија. Црквата е градена по архитекстонски план исто како и „Свети Димитрија“ во Битола и „Св. Боогородица„ во Трново . Само што поради местополобата поместен е јужниот ѕид на неколку метри и ја прави најголема црква во Битолско.

Пари за црквата се собирале од секаде каде што имало гопешани, запишано е во трудот „Пропроштво од 19 век го претскажа опустошувањето на селото Гопеш“, а пренесено во Википедија.

Најревносен бил попот Наум, кој од Романија и Украина се вратил со две торби полни со наполеони, но Турците го уапсиле мислејќи дека со парите ќе купува оружје за комитите. Цело село застанало во одбрана на попот, по што битолскиот валија го пуштил. Тогаш биле удрени темелите на црквата „Свето Преображение Христово“, позната и како „Св. Сотир“, оти двата празника се празнуваат во ист ден – на 19 август.

Според записот од фасадата на црквата, тоа било сторено на 28 април 1871 година, а ја градел мајстор Kоста од кичевско село Цер Со работна рака помагале сите жители. А бидејќи немало соодветен материјал во близина, три илјади луѓе направиле повеќекилометарски жив синџир до месноста наречена Дванаесет Kладенци и го пренеле потребниот камен предавајќи го од рака на рака.gopesh 1024x768

Инаку, црквата е мајсторско дело во однос на архитектурата и  конструкцијата затоа и без поголеми зафати успеа да опстои до денес. Спаѓа во заштитени добра од  највисока категорија. Ѕидана е од камен , со уникатност во обработка на материјалот и декорација со плитки релјефи на самите камени површини. Фрескоживописот е дело на Јосиф Радев ученик на познатиот Дичо Зоргаф. Црквата била украсена со 90 икони и фрески, кои биле сликани 26 години. Педесетина од иконите работени од тајфата на Дичо Зограф беа украдени во 2013 година и до денес не се пронајдени. Имаше иницијатива од жители од Гопеш да се направат реплики на исчезнатите икони и да се украси иконостасот.gopesh3 1024x768

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани