2win800x200

Долга листа на чекање во битолските градинки, локалната власт со помош за проширување на капацитетите

Јануари 24, 2018

400 дечиња чекаат да се ослободи простор во градинката „Естреа Овадија Мара“ , а 800 се веќе згрижени, соопшти новата директорка Лидија Тфирст Митревска.

 

„Имаме огромен број дечиња на листа на чекање. Решение ни е отворање надградби на постојните градинки и градба на нови градинки. Се надевем дека Општината и Владата ќе ни излезат во пресрет и ќе можеме да го реализираме ветувањето. Потребни ни се кадари од сите профили воспитувачи, негователки, хигиеничарки, садомијалки... Потребен ни е персонал во итни и неодложни дејности. Се надевам дека во најбрз може рок, луѓето ќе почнат со работа зашто согласностите се веќе добиени“, рече директорката.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, изјави дека Општината е во напредна фаза со обезбедување на средства и други логистички поддршки околу проширување на просторните капацитети во градинките.

„Градинките имаат добиено согласност за обезбедување на негователки. Тоа не ги задоволува потребите кои се воочени. Но, во соработка и дослух со Министерството за труд и социјална политика се најавува повторно зголемување на бројот на негователки што е неопходно за згрижување на дечињата. Во однос на капацитетите на градинките веќе се обезбедени средства за оплеменување на просторот на градинката во Кравари, а во напредна фаза сме и со други три апликации за кои се надевам дека ќе имаме дослух од Министерството за труд и социјална политика“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани