Webp.net gifmaker

Повеќе училишта во Новаци и Могила добија дозвола за настава со физичко присуство

Септември 23, 2020

Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.



Во Општина Могила ПУ с. Д.Чарлија доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение; ПУ с.Радобор – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од четврто одделение.

На ООУ „Браќа Миладиновци“ од  с. Добрушево му е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и на ПУ с.Дедебалци, ПУ с.Мусинци, ПУ с.Ношпал ПУ с.Трап, и на ПУ с.Будаково.

Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, добија и ООУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци, како и ПУ с.Долно Српци, ПУ с.Волино и ПУ с.Трновци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани