Webp.net gifmaker

Бројот на активни случаи во Битола благо се намалува, анализира универзитетскиот професор Дејан Трајковски

Септември 25, 2020

 Со нула новодијагностицирани и 3 затворени случаи (сите оздравени) денеска во Битола, бројот на активни случаи бележи благо поднамалување (зелената линија на првиот дијаграм), наведува во својата математичко статистичка анализа професорот од Техничкиот факултет во Битола, др. Дејан Трајковски.

FB IMG 1601062731078

 

Иако дневните бројки релативно многу повеќе варираат отколку на ниво на држава, а пресметката на базичниот репродукционен број R0 е особено чувствителна на тие варијации и има најголеми отстапувања, охрабрува тоа што после подолго време неговата 7-дневна просечна вредност повторно е под единица, поточно R0=0,86.

Ова мало, но значајно подзабавување веднаш се одрази и на кривата на 14-дневната кумулативна инциденца на 100.000 жители (на вториот дијаграм), која веќе започна да се колеба и можеби наговестува дека Битола е блиску до врвот. 

FB IMG 1601062736743

 
 
Ова навистина изгледа чудно токму сега, во екот на забрзувањето на епидемијата на ниво на цела Македонија, но да не заборавиме дека третиот пик во Битола стартуваше десетина дена пред стартот на ниво на држава. Можеби овој застој е добар знак и за целата земја, а може да биде и само потврда на тоа што го знаеме од порано - дека во Битола пиковите се помалку интензивни и побргу се гаснат отколку во остатокот од државата. Инаку, денеска за цела држава 14-дневната кумулативна инциденца изнесува 86,0 на 100.000 жители - точно двојно повеќе отколку во Битола, наведува професорот Трајковски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани