50 години од смртта на Пецо Божиновски-Кочо

Септември 26, 2020

На денешен ден 26 септември 1970 година, воСкопје  почина Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочоприпадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден е во Битола на 15 јануари  1920 г. Како работник стана член на СКОЈ, а во1941 г. и на КПЈПо фашистичката окупација ечлен на Воениот комитет приМесниот комитет на КПЈ во Битола и го помагаше функционирањето на партиската техника.

На 22 април 1942 г. стана борец во редовите на првиот Битолски партизански одред „ПелистерОд 6 јули 1942 г. е борец и интендант во Битолско-преспанскиот партизански одред. Во јули 1942 г. од бугарскиот воен суд, во отсуство,еосуден на смрт. Во септември 1942 г. стана борец во Битолскиот партизански одред „Јане Сандански.

Во 1943 г. е специјален курир наГлавниот штаб на НОВ и ПОМ.  Во август 1943 г. е заменик политички комесар на чета во Партизанскиот одред „Даме Груев, а потоа од јуни до октомври 1944 г. и заменик политички комесар на Седмата македонска народноослободителна ударна бригада.

Во оружените борби против бугарскиот фашистичкиокупатор двапати е ранет.

Прогласен е за народен херој на Југославија на 2 август 1952 г. 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани