Битола годинава само со една жртва од сообраќајна несреќа

Ноември 17, 2020

За разлика од ковид-19 кој покоси повеќе животи, жртвите од сообраќајни несреќи се многу намалени. Во 2019 година СВР Битола броеше 4 жртви од сообраќајни незгоди, а до денес имаме само 1 жртва од сообраќајна несреќа годинава. Како отсек за превенција секојдневно преземаме превентивни и репресивни мерки во Битола. Како Сектор за внатрешни работи можеме да се пофалиме дека во изминатите три-четрири години имаме перманентно намалување на сите сообраќајни незгоди, а и намалување на жртвите од сообраќајни незгоди, рече Сашо Гилевски, началник на Отсекот за превенција при СВР Битола.

Денес, Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Битола го одбележаа Светскиот ден на жртви од сообраќајни несреќи.

 

„За жал имаме голем број на сообраќајни незгоди. Статистиката е црна во светот и кај нас. Често пати велиме дека се случува сообраќајна несреќа, но не се случуваат, туку се предизвикуваат од лица од невнимание или непочитување на правилата и прописите. Според СЗО, во светот 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајните незгоди. Секој ден се губат 3500 лица во сообраќајни незгоди или на секои 24 секунди едно лице го губи животот. И во Република Северна Македонија имаме голем број на загинати лица, во 2019 година загинаа 132 лица и 5164 лица беа повредени“, рече претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска.126109224 3367725496638788 6716703997545915856 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани