АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во градот на кафето поскапи цената на кафето. Утринското кафе до 11 часот ќе изнесува 40 денари, а во останатиот дел од денот 50 денари.
Вака се договорија членовите на Здружението за угостителство и туризам „Еснаф“. Дел од угостителските објекти сѐ уште не се придржуваат кон новата цена, но се очекува од понеделник да биде што поголем бројот на кафулина и ресторани кои ќе ги применат новите цени.
Угостители од Битола велат дека кафето поскапи поради поскапувањето на самото кафе, а посочуваат дека е поскапена и набавката цена на останатите пијалаци.
Воедно новите цени на кафето во Битола се применуваат со цел да се избегне нелојаната конкуренција која постои со години и заради упадите на угостители кои доаѓаат од други градови во Битола, отвораат угостителски објекти за шест месеци најмногу до една година и ги затвораат, а во меѓувреме ја паѓаат цената на услугата наметнувајќи самоволно свои цени.