2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во училиштето „Коле Канински“ вежба за спасување при земјотрес

Февруари 13, 2018

Црвениот Крст-Битола во соработка со СВР-Битола и општинските организации на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Службата за итна медицинска помош, денеска во основното училиште „Коле Канински“-Битола одржаа вежба за дејствување во услови на земјотрес.

 

- Во рамки на оваа акција беа применети план за евакуација и средства за паника, извршивме обука на 10 професори за да реагираат и дадат прва помош на ученици, а во последната фаза реализиравме акција на терен ,односно извлекување на повредени ученици од опожарена просторија и помош на ученици во затворен простор за што беше поставена жичница на највискиот кат на училиштето, изјави Драги Павловски, секретар на ОО на Црвен Крст-Битола.28116931 345565129260193 217309754 n

Според Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола, овој тип на превентивни акции се од големо значење и се извлекува поука за тоа како треба да се дејствува во кризни ситуации.

- Во мобилизациската вежба, битолските пожарникари интервенираа во опожарени училници каде заради голема зачаденост извлекувавме ученици. Оваа вежба е добра поука за сите и затоа треба да биде организирана во сите училишта. Ако анализираме каква беше реакцијата на учениците пред две години и сега, слободно можам да кажам дека сега учениците беа поподготвени и брзо, но смирено и без паника реагираа. Затоа советуваме често организирање вакви и слични вежби, посочи Поповски.28052991 345565112593528 348290081 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани