2win800x200

За Глобал и Копанки

Февруари 18, 2021

Одлуката на Советот на Општина Битола да бидат доделени 150 илјади денари донација како помош за санирање на штетите во струмички „Глобал“, предизвика реакции кај опозицската ВМРО-ДПМНЕ, па обвинија дека Општината има пари за „Глобал“, но нема за „Копанки“

-Денес мнозинството од СДСМ во Советот на Општина Битола предложи точка со која од буџетот на Општина Битола ќе се доделат 150.000 ден. на струмички ГЛОБАЛ. За Петровска и СДСМ кога е "Копанки" во прашање тогаш е спорно што тој е на граѓаните и е граден од граѓаните, а кога станува збор за струмички ГЛОБАЛ тогаш не е спорно што истиот е приватна сопственост, напиша на својот ФБ профил, Иванчо Тошевски, координато на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалничката Наташа Петровска, вели дека Општина Битола во повеќе наврати ја покажа својата хуманост, па така е и со случајот за Глобал, а за Копанки вели, нема потреба од донации затоа што Општината ќе го изгради од сопствени пари.

-Карактерот на хуманост на Општина Битола е покажан во сиот изминат период. Ние како општина сме давале донации за Албанија, денес донесовме одлука со која им помагаме на наши сограѓани од Струмица. Никогаш не сме кажале дека пари за Копанки нема, меѓутоа за мене е смешно да говориме за донација за наш објект, објект на битолчани кој што бил изграден врз државно земјиште. „Копанки“ Општина Битола ќе го изгради со сопствени средства како сопствен објект, а не по пат на донација, особено имајќи ги сите докази на сите злоупотреби кои што биле направени во минатото и за кои што треба судските истанци да ја дадат својата разрешница, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Пред еден месец Управниот суд ја отфрли тужбата на Планинарско-спортскито клуб „Пелистер“ против решението на градоначалничката Наташа Петровска за утврдување правен статус на бесправно изграден објект. Со ова Петровска всушност ја оспорува сопствноста и решението за легализација на „Копанки“ издадено од претходниот градоначалник Владимир Талески. Сега ПСК „Пелистер“ има право на жалба до Вишиот управен суд. Петровска пак е убедена дека правдата е на страна на Општината, а по судската разрешница домот ќе се обнови со општински пари.

Планинарскиот дом „Копанки“ се легализираше во 2015 година, кога екс градоначалникот Талески му ја предаде урбанистичката согласност за легалзиација на домот претседателот на ПСК Пелистер, Диме Попов. Претходно во повеќе наврати тогашната опозиција бараше во Советот да се издвојат пари за реконструкција на „Копанки„ но мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќаше амандманите. Како член на советот во тоа време, претседтелот на ПСК „Пелистер“, Диме Попов, од советничката говорница рече дека нема да гласа за средства за обнова за Копанки затоа што предложените 1 милион денари се малку, а клубот не знае за што би ги употребил тие пари се додека не ја добие потребната документација за објектот. Не беше прифатен амандманот на советниците од СДСМ ниту во 2016 година со ребаланс на буџетот да се издвојата средства за „Копанки“ иако Талески најави обнова на објектот на денот кога тој беше опожарен во јануари 2013 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани