2win800x200

Од КОВИД-19 почина Радојка Димеска, театарски работник и долгогодишен член на Народниот театар во Битола

Март 27, 2021

Денеска од компликации од КОВИД-19 почина Радојка Димеска (63г.), долгогодишен член на Народниот театар во Битола. Нејзините колеги се простоја од Димеска, која замина токму на 27 Март, Светскиот ден на театарот.

"Постојат актери кои како фурија поминуваат низ сцената па и низ животот, но има и такви - тивки, кои со кроткост ти ја галат душата и кои иако тивко, подеднакво цврсто го носат театарот во кој творат како столбови.

Ние денес токму на празникот на театарот ја загубивме нашата Радојка Димеска, долгогодошен член на НТБ кои сите ќе ја паметиме по нејзината насмевка и топлината со која зрачеше. Ти благодариме за се, ќе останеш вечно во нашите срца!", се збогуваа вработените во Битолскиот театар од Радојка Димеска
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани