Webp.net gifmaker

Здружението на пензионери од Битола започнува со анкета за изготвување социјална карта на пензионерите

Јуни 11, 2021

Се известуваат пензионерите – членови на Здружението на пензионери Битола дека почнуваќи од 16.06.2021 год.(среда) Здружението ке започне со анкетирање за изготвување на социјалнта карта на пензионерите. Целта на анкетирањето е Здружението на пензионери - Битола да добие податоци за социјално-здраствената состојба на секој пензионер, заради давање на соодветна помош на најзагрозените пензионери, овозможуваќи притоа, преку волонтерите од Општината Битола и Општинската организација на Црвениот крст да добијат потребна лекарска помош, набавка на лекови и прехрамбени продукти, како и други неопходни потреби на пензионерите, кои не се во состојба самите да се грижат за себе.

Посебно се нагласува дека оваа анкета нема врска ниту со активностите за спроведување пописот на населението ниту со престојните локални избори или со било какви политички активности во време на спроведувањето на анкетата.

Податоците кои ке се добијат од спроведената анкета ке бидат од корист исклучиво за самите пензионери и затоа апелираме масовно прифакање на анкетарите од страна на пензионерите и давање на податоците содржани во анкетниот лист.                                         

Здружение на пензионери Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани