2win800x200

Дебата: Реформите во медиумскиот сектор треба да се во континуитет, а не процес тргни-застани

Ноември 28, 2021

Нема исполнување на реформскиот процес во медиумскиот сектор доколку нема доследност во политичката волја за спроведување на тој процес, беше заеднички заклучок од дебатата што ја одржа Фондацијата „Метаморфозис“, по презентацијата на Извештајот од мониторингот на следење на реформите во областа на медиумите

Средната оценка 3 на скалата од 1 до 5, може да се придвижи кон 2, доколку продолжи стагнацијата во реформскиот процес во медиумскиот сектор. Вака парафразирано се изрази еден од учесниците во дебатата во која се разговараше за сите сегменти важни за работењето на медиумите во РСМ, на која учествуваа претставници на национални и регионални медиуми (МРТ, МИА, ТВ ВИС, Порталб, МЕТА, Вистиномер…), претставници на Агенцијата за медиуми АВМУ, на новинарските здруженија ЗНМ, ССНМ, СЕММ и на МИМ, на граѓанските организации „Метаморфозис“ и ЦРМ и други.

 

Потврдени наодите на „Метаморфозис“

Дебатата што се одржа онлајн беше организирана по повод презентацијата на Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема.

Учесниците во дебатата ги потврдија наодите на Извештајот и расправаа за поважните сегменти: безбедноста на новинарите, употребата на јавни пари во приватни медиуми преку два сегмента – платеното политичко рекламирање и неисполнувањето во целост на законската обврска за финансирање на радиодифузниот сектор во целина, при што се погодени сите корисници на тие пари МРТ, АВМУ и МРД, недоволната поддршка на новинската агенција МИА, за саморегулацијата како процес, кој заедно со Регистерот на онлајн медиуми го води Советот за етика на медиумите во Македонија (и ЗНМ), како и за прашањето дали на државата ѝ треба национална стратегија за развој на медиумскиот пазар или пак е доволна Стратегијата за радиодифузниот пазар што ја има и е обврска на регулаторот АВМУ.

 

Што треба да се стори?

Неколку клучни точки беа потенцирани од речиси сите учесници во дебатата:

  • Недозволиво е државата/Владата да не се придржува до законската обврска за финансирање на радиодифузниот сектор со финансии од 0,8 до 1 отсто од буџетот реализиран вопретходната буџетска година, бидејќи страдаат корисниците, а пред се МРТ, која е корисник на 75 отсто од тие средства;
  • Недозволиво е што и после два конкурса на Собранието на РСМ не се избрани нови претставници на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на АВМУ;
  • Под итно во Собранието на РСМ да се усвојат предложените измени на Кривичниот законик со кои нападите врз новинарите се третираат како напад врз службени лица за кои се гони по службена должност, како и измените во Граѓанскиот законик за навреда и клевета со кои значително се намалуваат казните за новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите
  • Да се развие идејата за Фонд за развој на медиуми во инклузивен процес со новинарските организации и со претставници на медиумите, при што со дел од тие средства ќе треба да се подобри и социо-економската положба на новинарите вработени во медиумите;
  • Да се поттикне процесот на саморегулација и значењето на Регистерот за онлајн медиуми, пред сè со помош и на институциите, но и на бизнис секторот;
  • Да се поттикне создавањето на национална стратегија за медиуми и медиумскиот пазар кој дефинитивно треба да се консолидира преку серија мерки;
  • Во дебатата имаше и предлог за темелни измени на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги ЗАВМУ

Извештајот и дебатата беа дел од активностите на проектот „Проверка на факти за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година.

Целата дебата може да се погледне ТУКА:

Извештајот за реформите во медиумскиот сектор може да се погледне ТУКА

Теофил Блажевски

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" data-src="https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-300x70.png" data-srcset="https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-300x70.png 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани