2win800x200

Први награди по виолина за учениците од Државното музичко училиште во Битола на Државниот натпревар во Скопје

Април 29, 2018

Марко Крстевски ученик во петто одделение, Теодора Блажевска четврто одд. и Елена Ѓеорѓиева трето одд. од класата на професорот по виолина Зоран Маневски од  Државното музичко училиште во Битола,  добија први награди на Државниот натпревар на млади музичари 2018 година, што се одржа во Скопје. Исто така, Санела Шукриевска шетто одделение доби втора награда и Андреа Нешковска четврто одд. трета награда.

Според  професорот Маневски, неговите ученици со голема волја, желба  и посветеност работеа во текот на целата година за сега да постигнат забележителни резултати.

-Наградите  се должат на нивната трудољубивост, посветеност и заедничка соработка  на часовите по виолина, рече професорот Маневски за апла.мк.

 

Натпреварот кој е во организација на Здружението на директори и наставници на музичките и балетските училишта на Македонија „Хармонија МБ“ се одржа на 26-27 април  во Даут- пашиниот амам во Скопје, каде децата пред жири комисијата се претставија со дела од Н.Бакланова, П Николиќ, О.Ридинг, Ф. Зајц, А.Комаровски, Ф. Крајслер, Ш. Берио и Е.Григ. Свиреа познати концерти и композиции.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани