АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не само што Македонци ја посетуваат Кападокија, туку и жителите од оваа туристички позната област од турската покраина Анадолија се почесто ја посетуваат Битола. Деновиве на паркингот кај спортската сала се истоварија три автобуси со над стотина Кападокијци со цел да ја разгледаат Битола и посебно архитектурата останата од османлискиот период.
Туристите со самото стапнување во Битола наиода на пријателски прием. Музиканти од Битола ги пречекаа свирејќи им ја песната „Ај мастика, мастика“ од Мухарем Сербезовски. Туристите расположено манаа по еден чочек на паркингот и им фрлија по некое евро на музичарите.
Гостите изјавија дека имале голема желба да ја посетат Битола зашто во Кападокија во селото Мустафа Паша имало жители со потекло од Македонија. Тие им раскажувале за убавините на градот Битола, но и за Лерин и Костур од Егејска Македонија од каде потекнувале. Рекоа дека тие уште знаат да зборуваат на македонски јазик.
Турците се најредовните туристи во Битола. Неделно доаѓаат најмалку по десетина автобуси. Скоро сите наидуваат на топол пречек зашто музичарите го знаат времето кога автобусите доаѓаат и ги пречекуваат со песна. Ја знаат дури и песната „Чешмите во Битола“ која на времето му била најомилена на реформаторот на модерна Турција, Кемал Ататурк.