2win800x200

Проверка на факти: Ковид19

Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои ПЦР тестот. Медицински експерти посочуваат дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација

Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт

Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици. Ваквите тврдења одамна беа демантирани од министерството за здравство на Сингапур од каде соопштија дека не е направена обдукција, ниту пак, препорачуваат други протоколи на лекување на болни од ковид-19

Наредбата за  задолжтелна вакцинација што ја наложи претседателот на САД, Џо Бајден се однесува само за извршната власт. Тааа ги вклучува вработените во Белата Куќа и повеќето федерални работници. Наредбата на Бајден важи и за вработените во Центарот за контрола и превенција на болести, Агенцијата за храна и лекови, коишто се владини агенции, но не и за Конгресот. Тој е изземен од оваа наредба, затоа што е дел од легислативната власт

Тврдењето дека откажаните летови викендов од страна на авиокомпанијата „Саутвест Ерлајнс“, се поврзани со вакцинацијата на персоналот е невистинито. Станува збор за комбинација од фактори кои довеле до откажувањето, меѓу кои временските непогоди и недостигот на персонал

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека американската авиокомпанија „Southwest Airlines“ почнала да ги откажува летовите, наводно, поради револтот на контролорите на летови кои се побуниле против задолжителна вакцинација.

Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани

Научни студии и анализи секојдневно потврдуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и ефективни, спречуваат тешки форми на болеста и превенираат од смрт. СЗО и ЕМА годинава ги одобрија вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за употреба и кај деца од 12 до 17 години. Испитувањето покажа дека ниту едно од 2.163 деца кои ја примија вакцината не разви ковид-19. САД и други земји, меѓу кои, Велика Британија, Израел, и Белгија, се изјаснија за  приоритетна вакцинација на трудници

Мултиплекс панел тестот во исто време детектира специфични генски секвенци за докажување на присуство на коронавирус и специфични генски секвенци од вирусите на сезонските грипови А и Б инфлуенца. Во приватните лаборатории овој панел не е никаква новина, постои речиси една година и чини околу 4 илјади денари. На Клиниката за пулмологија веќе четири години постои мултиплекс ријал тајм ПЦР панел, со кој може со еден брис да се детектираат 33 патогени микроорганизми, партиципација за него е 2.300 денари. Но, се тестира само во случај ако клиничка слика е многу слична, односно таму каде, на пример, има клиничка слика со температура, респираторни симптоми и не се знае дали е ковид, дали е грип, дали е аденовирус. „Вистиномер“ се обрати до Министерството за здравство со прашање дали се размислува да се набават такви брзи тестови за детекција и на грип и на ковид истовремено, но не добивме одговор. Нашата проверка во аптеките покажа дека во земјава не се достапни брзи тестови кои истовремено дететектираат и грип и ковид

Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета

Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува, па дури и идеите дека со непостоечките чипови ќе се контролира мисловниот процес на индивидуата која е вакцинирана, не e поткрепена со никакви факти и е невтемелена во реалноста. 5Г технологијата во комуникациите и вакцинацијата во здравството не се поврзани. Единственото заедничко за нив е што се случуваат во време на пандемија, кога дел од луѓето се окупирани со ширење на конспирации за дисквалификација на вакциналниот процес

Факт е дека ниту една одобрена вакцина против ковид -19 не содржи вирус. Наспроти тврдењето во постот, ниту вакцинираните добиваат вирус преку вакцината, ниту се поопасни од неимунизираните. Научен факт е дека вакцинираните многу побрзо го елиминираат вирусот, а доколку се разболат, имаат помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација

Во постот наменски е прикажано манипулативно видео извадено од контекст. Темата на којашто говори Бил Гејтс во 2010 година во „Тед Разговорите“ воопшто не е поврзана ниту со ковид, ниту со депопулација на населението преку вакцинација. Говорот на Гејтс е фокусиран на потребата да се елиминира емисијата на јаглерод диоксид со нови пристапи на енергетска продукција за да се избориме со климатските промени. Впрочем и самото видео коешто е претставено во постот датира десет години пред појавата на пандемијата на коронавирусот и вакцините

Големата чума во Франција не е пандемија, другите примери на пандемија наведени во постот не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години. Исто така, во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број други пандемии, кои не се споменати во оваа објава на Фејсбук. Постот селективно прикажува само некои податоци со цел да се претстави наводна теорија на заговор за депопулација на населението

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека болестите, односно епидемиите на заразни болести, коишто се случуваат во светот на секои 100 години, не се случајност, туку претставуваат план за намалување на бројот на светската популација, односно намерно истребување на луѓето од планетата Земја. Во постот се набројува дека во 1720 година имало чума, во 1820 година имало колера, во 1920 година шпански грип, а во 2020 година корона.

Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот. ХИВ и ковид се различни,  начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид, тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација во земјата 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани