АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост.
Тоа е една од целите на проверката на факти на Фејсбук – да ги образложи и оние постови за кои не е веднаш јасно дека се сатирични и за кои се смета дека во себе содржат капацитет да бидат буквално сфатени од некои корисници. А, дека тоа е можно се забележува и од коментарите, при што во некои од нив се забележува збунетост, нејаснотија дали станува збор за вистинит пост или за нешто друго, па и буквално разбирање на сатиричната содржина како вистинита, што, се разбира, во конкретниов случај, не е точно.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека додека граѓаните ги трујат со вакцини, a фармацевтските компании печалат од тоа.