2win800x200

Проверка на факти: Ковид19

Оваа објава ја манипулира јавноста и шири паушални информации на Фејсбук. Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како е единствен излез од пандемијата

Покрај стравот да се оди на лекар поради ковид, за задоцнетата детекција на другите дијагнози значително допринесува намалениот обем на термини за преглед кај специјалист. Пандемијата ги извади на површина и проблемите со недостигот на медицински кадар за другите патологии коишто не се поврзани со ковид

Постот што го анализираме ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години  група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“.  Белата патека, пак, што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Исто така, ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран и неговиот генетски материјал РНК

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани