2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 и имаат валиден европски сертификат, од утре во Грција ќе патуваат слободно, без да биде потребно дополнително да се тестираат, додека пак за останатите, задолжителен е негативен резултат од ПЦР или рапид тест, согласно измените на мерките што утре стапуваат во сила, а важат и за државјаните на Северна Македонија, објави  МИА 

Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на  Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Со уредување на тротоарите на улицата  „8ми Септември“ , односно влезот во Битола од страната на Прилеп, деновиве завршува реконструкцијата на оваа фреквентна сообраќајница,   по што ќе следи хоризонтална и вертикална сигнализација. Истовремено се уредува и тротоарот на улицата „Булевар 1 ви Мај“, под Музичкото училиште, информираат од локалната самоуправа. 

-Во рамките на инфаструктурните активности, на улицата „8ми септември“ се уредува тротоарот, а паралено со оваа локација, се уредува и тротоарот под Музичкото училиште. Двете локации имаат опфат од 600 метри, за што од буџетот на Општина Битола се издвоеи 1 милион денари за спроведување овие активности, рече градоначалничката Наташа Петровска.

8 septemvri 2

Реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола  започна во април, при што беше променета и канализационата мрежа, а нов асфалт е поставен во должина од 2,5 километри. За реалзиација на овој проект Општина Битола издвои 8,5 милиони денари, а допoлнителни средства се обезбедени и од ЈП за државни патишта.

Градончалничката Петровска информираше дека се очекува сите започанти инфраструктурни зафати во Битола и некои рурални населби да завршат до крајот на оваа градежна сезона.

bulevar behaton 1

-Покрај овие инфраструктурни активности, во тек се и останатите, а со завршувањето на оваа градежна сезона, во ноември сите зафати ќе бидат затворени. Во зависност од тоа како ќе овозможуваат временските услови,така ќе се движиме со инфраструктурните зафати, рече Петровска.

Паралелно, се работи и на магистралниот пат Прилеп-Ресен, на обиколницата над Битола, а во  поголемиот дел на оваа делница поставен е нов асфалт. Оваа реконструкција ќе чини околу 1,5 милиони  евра, а се очекува градежните работи да бидат завршени и пред предвидениот рок од осум месеци.

pat

Најпрво целосно ќе се отстрани асфалтот, а потоа ќе се извадат старите коцки од улицата „8 Септември“ во Битола, чија реконструкција почна денеска. Станува збор за влезот од страната на Прилеп, каде јавното претпријатие„ Нискоградба“, покрај обврската за изградба на канализациската мрежа, треба да ја отстрани коцката. Општината во иднина ќе ги употреби овие  коцки за уредување на јавни површини низ градот.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ од утре почнува со реализација на проектот за надградба и поправка на коловозот на влезот во Битола од страната на Прилеп.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани