2win800x200

 

 
Во текот на денешниот ден(15.07) на подрачје на  Битола во времето од 11.00-15.00 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи. Од нив, 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 1 моторцикл бил нерегистриран како и останати прекршоци .
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Вчера, пејачката група ,,Сирма Војвода,, од Здружението на пензионери Битола учествуваше на Петтиот меѓународен и регионален  фестивал на  хорови и пеачки групи во Куманово.

Утре, вторник, 11 јули и задутре, среда 12 јули, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

2,17 и 2.05  промили алкохол во крвта,  толку покажал  дрегерот  на полицајците кои синоќа ги стопирале  и побарале да измерат дали овие возачи  управуваат  моторно возило под дејство на алкохол.  Двајцата  се  рекордери  меѓу 51  пијани возачи кои синоќа од 23 до 5 часот ги сопрела полицијата на територијата на СВР Битола кога беше  спроведена  засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. 

За време на контролата биле санкционирани и 47 други видови прекршоци.


Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од СВР Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани