2win800x200

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според рихтеровата скала е регистриран денеска во 5 минути до 12 часот со епицентар во соседна Грција, на 22 километри јужно од Битола.

Жешка есен во Битола, не само поради локалните избори, туку и по високата температура нестандарднa за овој дел од годината.  Есен е, а во Битола како да започнува летото, температурата деновиве достигна до 22 степени Целзиусови, а топло време се очекува и во недела на денот на изборите. По гласањето ќе остане да се види дали битолчани со својот избор ќе донесат ќе лето или есен во општината. 

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој имаше навика да прави отчети за сработеното, на завршувањето од мандатот не даде отчет дали должи Општина Битола и колку, пренесе порталот sdk.mk. Од општина Битола им било кажано дека за да се добијат информација за тоа колку е долгот, треба да достават Барање за слободен пристап до информации, зашто било време на изборна кампања. Брање доставиле, па очекуваат одговор, но ако се земе предвид дека рокот за одговор е 30 дена, информацијата ќе треба да ја даде следната локална власт.

Габриела Илиевска, носител на независната кандидатската листа за советници „Поинаку“ во завршното обраќање пред изборниот молк им порача на битолчани дека крајно време е битолчани да одлучуваат за иднината на Битола.

Херојството на партизаните од првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај Ореовата корија,  кога храбро загинаа седумина херои е опеано во народната песна „Таму ле мајко близу Битола“, но за жал песната веќе осум години не одѕвонува низ градот под Пелистер. По ритамот на оваа композиција порано отчукуваше битолскиот градски часовник. Но, во 2009 година со образложение на општината дека се репарира механизмот, дел од песните се изгубија што предизвика големи критики кај битолската јавност. Тогаш градоначалникот Владимир Талески  најави дека репарираниот механизам наскоро ќе има можност да изведува повеќе песни, но до денес остана да одѕвонува само „Битола мој роден крај“.  .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани