2win800x200

По повод Меѓународниот ден на стари лица, Здружението на пензионери од Битола покрена иницијатива за вклучување на неговите членови во поуспешно користење на библиотечниот фонд во НУ Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“. Претседателот на Здружението Томе Димитровски и директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефановски потпишаа меморандум за соработка со цел реализација на заеднички проекти и активности од двостран интерес.

Членовите на Здружението на пензионери можат да ја користат привилегијата за повластена цена за годишна членарина во износ од 150 денари за користење на литература. За таа цел Библиотеката ќе ги стави на располагање просторот и салите за промоции по повластени цени, како и користење на читални и услуги од Одделот за периодика. За поуспешно запознавање на членовите на Извршниот одбор на Здружението на пензинери свои излагања имаа Јелана Петровска и Лидија Мицевска. На денешната средба се разгледаа и можностите како пензионерите поуспешно да го користат библиотечниот фонд на „Св. Климент Охридски“. bibliotek 2

 

П О В И К

Се повикуваaт заинтересираните пензионери од месните ограноци:

  • Александар Турунџев
  • Васко Карангелевски
  • Димитар Влахов
  • Даме Груев
  • Димче Хаџипопвски
  • Коле Канински
  • Стево Патако

да се пријават веднаш во Здружението на пензионери Битола на телeон 047-236-036 за спроведување на анкета за изготвување на социјална карта на пензионерите од ЗП Битола,Новаци и Могила ,

За спроведување на анкетата на секој анкетар ке му се исплака 20 денари по анкетен лист.

Со почит, 

Здружениe на пензионери Битола

Предложено  да се отвори канцеларија на ЕВН во центраот на градот за полесно да ги плаќаат сметките за струја

Здружението на пензионери од Битола им го честита националниот празник Илинден на сите граѓани на Република Северна Македонија. Одбележувајќи 117 години од Илинденското востание и 76  години од Првото заседание на АСНОМ, им оддаваат почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на нашата слободна и независна држава, додавајќи дека големиот празник Илинден е вечна инспирација за современите генерации во градбата на стабилна, економски моќна, достоинствена и меѓународно почитувана држава.   

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани