Работно одбележан Денот на пензионерите во Битола

Септември 24, 2020

Предложено  да се отвори канцеларија на ЕВН во центраот на градот за полесно да ги плаќаат сметките за струја

 

По повод Денот на пензионерите вчера Собранието при Здружението на пензионери од Битола со сите раководители на телата, вклучувајќи го и Извршниот одбор одржаа четири посебни седници, применувајќи ги мерките за заштита од ковид-19. На седниците претседателот  на Собранието Крсте Белевски и претседателот на Извршниот одбор Томе Димитровски го истакнаа значењето на овој празник за пензионерите, при тоа нагласувајќи ја потребата пензионерите организирано да го минуваат слободното време, а се водеше и разговор за сегменти од секојдневното живеење на пензионерите во Битола.

 Беше поднесен извештај за финансиското работење на Здружението во изминатите шест месеци. Извештајот е позитивен, а  средствата се користени наменски и во хуманитарни цели. Присустните се интересираа и за одредени прашања, како што се превозот на пензионерите и снабдувањето со огревно дрво. За таа цел беше речено дека на неодамнешниот состанок со градоначалничката Наташа Петровска беше информирано дека во општината во тек се активности за формирање на јавно претпријатие за превоз , со кое ќе бидат опфатени и општините Могила и Новаци. Се разговараше и за отворање на пензионерски канцеларии во месните заедници.

За дрвата беше речено дека Здружението вложува напори со доставувачите на дрва навремено да бидат снабдени пензинерите, најдоцна до 15 октомри.

Стана збор и за тоа дека одредени пензинери не можат да одат надвор од градот до канцеларијата на ЕВН за плаќање на сметките за струја во Боримечка, па побараа да се покрени иницијатива за отворање на канцеларија на ЕВН во центарот на градот и во Брусничко-лавчанската населба за пензионерите да можат поедноставно да ги подмируваат сметките за струја.

Утре во Демир Хисар ќе се одржи регионална фолклорна средаба на која ќе настапат и претставници од „Сирма Војовда“.

penz

penz3

penz4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани