2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолскиот Народен театар ги одложи сите претстави и подготовката на новата премиера, поради неколку вработени кои се позитивни на КОВИД19. Оваа информација од НТБ ја соопштија на социјалните мрежи денеска

Група битолски ентузијасти наречени „Операција кино Партизан“ се жалат дека го исчистиле и средиле старото кино кај Долната гимназија со знаење на Народниот театар од Битола кој стопанисува со објектот, а деновиве добиле најава дека просторот ќе биде издаден под наем. Од Театарот, пак, велат дека не отпочнале постапка за издавање на просторот на поранешното кино „Партизан“ зашто од државните институции во неколку наврати било одбиено нивното барање средства од евентулна наемнина да легнуваат на сметка на Театарот.

По пауза од четврт век Народниот театар од Битола во своја продукција на сцена поставува детско-младинска претстава. „Си беше еднаш во иднината“ е новата премиера работена по текст на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, закажана за во петок.

„Како продуцент на претставата сум особено горд што после 25 години со поддршка на Министерството за култура продуцираме една детска и младинска претстава. Имавме обиди и минатите години, но за жал не добивме средства од Министерството да ја ревитализираме или реанимираме детско-младинската сцена во Тетарот во Битола. 25 години беа потребни затоа што некој своевремено решил дека аплицирајќи до Министерството за култура тоа ќе го одземе правото да се добие проект кој би го нарекол целовечерен. Не би рекол дека тоа е некаква незаинтересираност иако би требало да се обрне повеќе внимание зашто тоа е публика која понатаму треба да се едуцира и би требало да се потрудат да го направат тоа макар и на мускули“, рече на денешната прес конференција Иван Јерчиќ, директор на НТБ.

Уметничката директорка Илина Чоревска рече дека нити еден режисер или драматург нема дојдено со детски текст или со предлог да работи детска претстава.

„Тоа говори за тоа колку ние немаме однос кон најмладата публика која мораме и треба да ја едуцираме за театар. Ние сме направиле непоправлива штета во тој поглед. И ова е текст направен по нарачка на Народниот театар од Битола и благодарност до режисерот што се нафати зашто имавме добиени друга претстава од Министерството за култура, а и тие изгледа во пресрет да го сменат текстот’’, рече Чоревска.

Режисерот Јаниќијевиќ рече дека важно е да се имаат младински претстави зашто театарите кога немаат редовен детски репертоар, кога работат претстави за деца, тие се за најмладите, а а младинците се заборавени.  

„Постојано има една театарска дупка во образованието, се воспитуваат децата театарски до седум-осум години и кога е најважно за младите од 8 до 19 години многу ретко се случуваат претстави. Дури и Театар за деца и младинци по повеќе од 20 години постоење има две- три младински претстави што е многу малку во однос на другите стотици претстави“, рече режисерот.

Претставата е приказна за две деца Адила, бегалка од Истокот со папагалот Рамин и Андреа чии родители не се дома, но цело време е со својот андроид.   

„На една група деца им велам нацртајте вазна, а не знаат што е вазна, не знаат да нацртаат овошја, не зборувам за папаја туку за наши овошја. Нивните братчињата и сестричињата ги отпишуваат од училиштето ‘Ѓорги Сугарев’ и ги запишуваат од други училишта поради предрасуди. Дечиња велат дека учителките, место да доаѓаат 10 минути порано, стигнуваат 10 минути подоцна на час. Претставата ќе отвори еден куп такви проблеми’, рече актерот Никола Пројчевски.

Во претставата ликот на Адила го игра  Сандра Грибовска, на Андреа Анастазија Христовска,  таткото Мартин е Огнен Дранговски, мајката Матеа -Валентина Грамосли, палагалот Рамин -Никола Пројчевски, Нова-Никола Стефанов, полицаецот Менде Филип Мирчевски, бабата Менче Елена Моше. 

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани