2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Четворица студенти од ФИНКИ во рамки на предметот Медиуми и комуникации направија истражување за јавното зеленило во град Битола. За таа цел беше спроведена анкета која траеше 5 дена, а на неа одговорија 362 испитаници.

Целта на анкетата беше да се соберат ставовите на граѓаните за тоа колку се задоволни од јавното зеленило во градот, нивната проценка на моменталната состојба, да се утврдат причините кои довеле до соодветната состојба и каде да се бара помош за подобрување на состојбата.

grafikon 7 5 2020

1grafikon 7 5 2020

Над 67 % од испитаниците се согласуваат дека инвеститорите треба да обезбедат зелен појас околу објектите кои ги градат, но и дека е потребно да се организираат акции за засадување на дрвја барем два пати годишно (63,2%). Прекумерното сечење на дрвја го влошува квалитетот на воздухот и предизвикува ерозија на земјиштето, а сето тоа има директен ефект врз здравјето и квалитетот на животот (тотално се согласуваат 44,2%). Доколку се јави проблем поврзан со животната средина 51,3% би се обратиле на општинскиот комунален инспектор.

2grafikon 7 5 2020


Она што може да се заклучи од анктетата е дека Битолчани воглавно не се задоволни со состојбата со јавното зеленило во градот. Нивните одговори за тоа што мислат околу состојбата со јавното зеленило најчесто беа: дека нема доволно јавно зеленило во градот, дека населбите кои се подалеку од центарот се во уште полоша состојба во поглед на уредено јавно зеленило, дека сечењето на шумата кај касарната за да се изградат згради беше катастрофа за градот, дека инвеститорите треба да обезбедат зелен појас пред секоја зграда што ќе ја прават, дека и комуналните претпријатија, но и граѓаните имаат удел во лошата состојба, дека треба казни за сите несовесни граѓани кои уништуваат јавно зеленило, дека се потребни маалски паркчиња, или како што најсликовито објасни еден испитувач-„премногу асфалт, премалку дрвја, јас сум за по две дрвја на еден жител“.

 

 Битола деновиве е домаќи на VII FUTURA Регионален Moot Court натпревар за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права во организација на CIVIL RIGHTS DEFENDERS. На натпреварот учество зедоа осум екипи од Правните факултети од регионот (Битола, Штип, Крагујевац, Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла и Витез).

Само од Битола, повеќе од 50 млади луѓе студираат во Словенија. Ова е знак на пријателство помеѓу двете држави, како и потврда за довербата  на македонската младина во Словенија, беше речено на денешната средба помеѓу Општина Битола и Амбасадата на Р. Словенија, во гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде  беа донирани книги, преку кои идните средношколци ќе имаат можност повеќе да се за запознаат со словенечкиот јазик и култура. Фактите покажуваат дека, многу млади средношколци од Битола, своите студии ги продолжуваат на универзитетите во Словенија.

Студентските парламенти останати како реликвија на минатиот систем не само што не ја исполнуваат целта за која постојат туку и упатуваат на погрешна слика за тоа што претставува студентското организирање и вклучување на студентите. Ова меѓудругото беше истакнато на консултациите за студентско организирање што се одржаа на Правниот факултет во Битола во присуство на повеќемина студенти, младински и образовани организации.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани