2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Млади Хуманисти“ и Општина Битола потпишаа меморандум за соработка

Ноември 25, 2017

Претседателот на   на хуманитарното здружение „Млади хуманисти“ од Битола, Бојан Тодоровски и градоначалничката,  Наташа Петровска, потпишаa  договор за соработка.

 

Со овој договор од здружението очекуваат поддршка од општина Битола за нивните активности, а исто така, на средбата  било разговарано од потребата за канцеларија, со што активистите полесно и поефикасно би ги реализирале своите планови.

Здружението  неодмана одбележа 1 година од своето постоење, има околу 50 членови,  кои главно се насочени кон помош и подршка на  социјално загрозени семејства.

Во моментот хуманитарното здружение „Млади хуманисти“ ја спроведува акцијата за собирање финансиска помош за болно девојче од Битола, кое е потребно да се лекува во Русија.

За таа цел, здружението в сабота,  на 2 декември, во Задруга Артикултура,  организира хип хоп хуманитарна забава со DJ Roman I DJ Rothman

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани