2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Трибина на СДСМ по повод Светскиот ден за борба против дијабетесот

Ноември 14, 2019

Денес на Светскиот ден за борба против дијабетесот  во организација на ОО на СДСМ и Комисјата за здравство се одржа трибина во село Кравари со цел да се изврши едукација на населението за рана детекција на дијабетот.

74524738 540142480154008 3815436662712827904 n

Гостин на трибината беше д-р Жаклина Сервини, која присутните ги информираше како да ги препознаат почетните симптоми на дијабетот. Директорката на Здрaвствениот дом во Битола, Весна Спироквоска зборуваше  за набваката на инсулин и квалитетот на терапијата. Пред почетокот на трибината беше организирана и акција за проверка на гликемијата во крвта  кај присутните граѓани. 

74610033 799692337129429 3362801389511114752 n

Годинашната порака е Семејството и дијабетот – подигање на свесноста и препознавање за предупредувачките знаци на дијабетесот како и ризикот од дијабет тип 2. Четири од пет семејства кои имаат член со дијабет потврдуваат дека не ги забележале или имале проблем да ги забележат раните знаците на дијабет кај своите блиски во семејството.

74889377 961502474221686 4087819477125693440 n

- Лицата со дијабет имаат право на квалитетни услуги, соврмени инсулински терапии и квалитетен живот . Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови. Министерство за здравство воведе два нови типови на инсулин Тресиба која е наменета и за децата и инсулинот Фиасп, како и Виктоза кој е лек од најновата генерација за третман на Дијабетес тип 2. Со тоа, современата антидијабетична терапија ја овозможуваме за нашите граѓани, достапна за сите пациенти со дијагностициран дијабет, рече д-р. Билјана Гагачева, претседател на Комисијата за здравство на ОО на СДСМ

75424651 2508768195897173 8283181039807889408 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани