Webp.net gifmaker

Работна средба на директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски со Роналд Шункнехт од германската организација „Југендстил“.

Ноември 25, 2021

Директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола,  Бојан Стефановски, оствари работна средба со Роналд Шункнехт од германската организација „Југендстил“.

 
На средбата се разговараше за двата Еразмус проекти во кои е вклучена библиотеката, во рамки на проектот на стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time...“ и за проектот ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник“ на кој Библиотеката е координатор.
 
Двата проекта се финансирани од Европската комисија преку Еразмус + програмата.
 
На средбата г-динот Роналд Шункнехт изрази задоволство од успешните постигнати резултати, за активностите и за професионалниот однос и извршување на задачите на лицата кои се вклучени во проектите.
 
На состанокот беа присутни м-р Јелена Петровска, програмски раководител и учесник во проектите, м-р Фатма Бајрам Аземовска - координатор на Еразмус проектите.
 
На средбата се разговараше и за идна соработка и проекти кои може да се реализираат
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани