АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изронети фрески, распукани тавани, ѕидови и подови, срушени делови од конаците… Земјотресите што два дена дрмаат во Битолско предизвикаа големи оштетувања во манастирот „Св. Ѓорги“ во пограничното село Велушина. Манастирот е стар 183 години, а дел од оштетените фрески се дело на Јован Зограф.
Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со санација на патот до манастирот „Св. Атанасиј“ во село Црнобуки.
Патот досега беше калив и тешко прооден, а со санацијата на триста метри од него се очекува да се подобри инфраструктурната поврзаност со манастирот. Активностите предвидено е да завршат во текот на оваа седмица.
Првиот весник на територијата на Македонија во турско време излегувал во Битола. Весници во тогашен Манастир се издавале три-четири години пред тоа да се случи во Скопје.
Според информациите што битолскиот студент по новинарство во Анкара, Мартин Николовски, ги испати до нашата редакција, првиот печатен медиум во Македонија во Отоманската империја бил издаден во градот Манастир ( Битола) во 1873 година.
Преспаснките екологисти со петиција која е во тек, ќе ја спасуваат манастирската шума над Јанковец. Бараат Преспанско-пелагониската епархија да се откаже од сечата на околу 70 хектари површина, затоа што тоа може да предизвика еколошка катастрофа со огромни последици.