АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, на својата 11-та по ред седница одржана под претседателство на Томе Димитровски, го дефинира учеството на битолските пензионери, спортисти за Регионалните спортски игри што ќе се одржат во Крушево на 25 мај.
Битолските пензионери на спортските натпревари ќе ги предводи некогашниот фудбалер и тренер Цане Грбевски. Победниците во сите категории ќе земат учество на Републичките спортски игри што ќе ги организира Сојузот на пензионери на Македонија, а ќе се одржат наесен.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола донесе одлука на 31 мај во Битола да се потпише Меморандум за збратимување со пензионерите од Прилеп. На тој начин ќе се продолжи востановената соработка меѓу битолските и прилепските пензионери.
На седницата беше информирано дека наскоро ќе започне доставувањето на огревните дрва за пензионерите што истите ги имаат исплатено во целост, со што успешно е завршена акцијата за обезбедување со огревни дрва за сите пријавени пензионери од Битола.