Екипите на Водовод работат на отстранување на дефект на водоводната мрежа на "Иван Милутиновиќ"
Октомври 06, 2021
Поради дефект на примарна водоводна мрежа на ул."Филип Втори Македонски" ( Иван Милутиновиќ), во прекин ќе биде водоснабдувањето за корисниците од овој дел на градот, информираат од ЈКП Водовод.
Екипите на ЈКП Водовод се на терен и работат на санирање на дефектот.
Нормализирање на водоснабдувањето се очекува околу 24 часот.